Димитриевски: Со фокусирани игра 90 минути можеме до добар резултат против Англија

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски верува дека може да се дојде до позитивен резултат на утрешниот натпревар со Англија.
– Мора да го дадеме нашиот максимум на терен и мислам дека ако фокусот ни е на високо ниво, може да извадиме позитивен резултат, а зошто не и да дојдеме до победа. Нормално е дека овој натпревар ни доаѓа близу, по оној по Украина, а се наоѓаме на крајот на сезоната и чувствуваме замор. Но, знам дека ние имаме квалитетна екипа. Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни шеесет минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90 минути. Немавме концентрација и фокус до крајот на натпреварот и така загубивме. Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат, изјави Димитриевски.

Натпреварот ќе се игра утревечер од 20:45 часот на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Англичаните се први на табелата во Ц-групата од квалификациите за Еуро 2024, македонската селекција има три бода исто колку и Италија и Украина. Малта е последна без освоен бод.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
