Димитриевски: СДСМ излезе со проект кој не го реализираше, се одеше по принципот „јас тебе војводо, ти мене сердаре“
На прашањето каде е грешката на СДСМ за резултатот од локалните избори, Димитриевски во гостувањето во Тема на Денот на Сител ТВ истакна дека во време на опозиција СДСМ имала јасен концепт, визија и идеа како да се води државата, но, за жал откако е на власт работите се променија.
„Можеби, од преземањето на апсолутната власт, на локално и централно ниво дојде до една аздисаност од власта и поединци се трансформираа во нешто што се боревме во минатото против такво едно неодговорно однесување, нерешавање на проблемите. Малку внимание и посветеност на трудот, социјалата, образованието и другите перспективи, а премногу посветеност на надворешната политика. Еве сега се плати цехот, граѓаните го кажаа своето, а тие никогаш не грешат. Поединци сметаат дека треба да бидат на одредени функции доживотно. Нема непроменлива функција, ниту непроменлив политичар. Едноставно, се подзабораваат и се претвораат во инструмент, лукративно-клиентелистичкиот пристап си го зема своето, и секако лојалистичкиот пристап - она што сака да го чуе полибирото тоа што им одговара, а не тоа што е суштински. Имав низа случаи, не само јас, туку и други членови од партијата јасно укажуваа за пропустите кои се правеа во делот на средствата од Фондот за иновации, па аферите во Министерството за здравство, сите оние пропусти кои се случуваа поврзани со одредени афери, а од друга страна немаше суштински, кадровски промени. Во минатото, во периодот на опозиција излеговме со еден проект чесна понуда кој не го реализиравме во пракса, туку се одеше по принципот „јас тебе војводо, ти мене сердаре“, на само себе позиционирање на поединци коишто мораа да возвратат на тие коишто ги поставиле, граѓаните тоа го гледаат и казнуваат“, рече Димитриевски.
Ново на Сител
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
