Димитриевски: Референдумот, историска одлука за идните генерации
- Куманово посакува да биде составен дел на Европа, кумановци сакаат да живеат подобар живот и сакаат обезбедена егзистенција, просперитет, стабилност. Референдумот на 30 септември е клучното прашање на кое граѓаните ќе одлучат за просперитет и подобра иднина, поголеми инвестици во градот, соодветен развој на општината, регионите, државата, рече градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес конференција на градскиот плоштад.
Тој истакна дека Македонија низ историјата поминала низ различни крстопати и секогаш македонските граѓани знаеле да донесат вистинското решение.
- Ја користам оваа пригода да дадам целосна поддршка на референдумското прашање на 30-ти овој месец, бидејќи носиме одлука за нас и нашите деца и историска одлука за идните генерации. Влезот во НАТО значи загарантирани граници и економски развој, рече Димитриевски.
Додаде дека повторно сме исправени пред историски предизвик да се биде член на НАТО, да се биде член на ЕУ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа