Македонија
22. јуни 2022 - 14:02

Димитриевски: Македонецот се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава

Mаксим Димитриевски во денешното гостување во „Студио 10“ изјави дека Македонецот се чувствува фрустрирано затоа што Македонецот се чувствува како граѓанин во втор ред во својата сопствена држава којашто неговите предци му ја изградиле и му ја оставиле да ја менаџира.

„Кого треба да прашаме ние дали сме ние Македонци? Самите себе си или останатите во светот? Па ние сакаме да влеземе и да бидеме член на ЕУ каде се признаваат сите вери и нации, тогаш зошто толкаво лицемерие? Треба да си ја продадеме нацијата и корените наши, кадешто предците наши велеле дека се Македонци, а денеска да кажеме „не вие не бевте Македонци, вие бевте Бугари“. Апсурд! Значи тоа го бара бугарската страна и сака од еден билатерален проблем тоа се базира на нивните убедувања субјективни да го наметне како меѓународен проблем што е неприфатливо. Во Македонија има паметни умови, а верувам дека Владата ќе излезе и ќе отфрли овој предлог“, рече Димитриевски.