Димче Арсовски: СДСМ втор ден молчи за ослободувањето на Катица Јанева
Втор ден од СДСМ молчат за ослободувањето на Катица Јанева и вдомувањето кај нејзиниот син Лазар Јанев, кој исто така е под кривична пријава од оштетен во случајот Рекет.
Зоран Заев лично ја извади Катица Јанева од затвор, се со цел да не пропее и да не ја разоткрие целата шема на рекетирање во која директно е вмешан политичкиот врв на СДСМ.
Русковска обвинителството и Кацарска судството совршено, но провидно го глумат театарот дека наводно се караат за ослободувањето на Катица Јанева, додека пак Заев, СДСМ и Владата молчат и гледаат од страна.
Сите се свесни дека Зоран Заев е тој што ја ослободува Катица Јанева од притвор, бидејќи и самиот си имаше кажано уште на лидерската средба во Собрание пред неколку месеци дека ќе ја ослободи и ќе ја извади Катица Јанева од притвор.
Нема јакна што може да го покрие срамот од оваа срамна и смешна одлука на институциите.
Сценариото е организирано од СДСМ. Целата постапка за случајот Рекет се водеше непрофесионално и аматерски. Катица Јанева најпрвин ги избриша доказите и ги форматираше компјутерите во СЈО, потоа ги изгуби телефоните исто како и Фросина Ременски.
Целта на ваквата аматерска истрага е да Вилма Русковска го заштити Зоран Заев од криминалниот случај за рекетирањето каде што најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека се вмешани политичари од СДСМ и на крај се испостави дека се што говоревме од оваа говорница е точно и е така.
Ослободувањето на Катица Јанева и уште 1000 други криминалци претходно во изминативе 2 години откако е СДСМ на власт е доволен показател дека власта, Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и сите останати се во длабока спрега и коалиција со криминалот и тоа мора да се казни.
Одговорност за ваквото однесување на Обвинителството и Судот мора некој да сноси.
Потребна е обнова на Македонија и тоа ќе се случи веднаш по 12 април.
Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Прилеп до 9 часот гласале 6,69 за претседателските, а 6,52 за парламентарните
-
Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти
-
Во Демир Капија 10,42 отсто излезност до девет часот
-
Во Велес до 9 часот гласале 6,36 проценти за претседател и 6,29 проценти за пратеници
-
Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град
-
Излезноста до 9 часот за претседателски избори е 4,17, за парламентарни 4,45 %
-
Агитирање, поткуп и мито: Полицијата со полни раце работа за изборниот молк
-
На дедо од Крњарево му дошле дома за да гласа, внукот пријавил во полиција