Димче Арсовски: ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум и ги тероризирале новинарите
Денес диктатурата и режимот на СДСМ и на Заев се покажаа во вистинско светло.
Денес во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите.
Замислете, додека новинари протестираат против кривичен прогон на новинари и медиуми, МВР вршеше претрес во медиумот „Нет Пресс“ заради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал.Каква перверзија!
Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон.
Почитувани граѓани, среќна нова 49!
Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на порталот „Нет Пресс“ и уредникот Дејан Николовски.
Власта на Заев, преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон кон новинарот Горан Момироски и кон телевизијата Алфа.УЈП ја тероризира и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период.
Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на „Инфомакс“ и уредникот Александар Митовски.
Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот „Лидер“ и уредникот Љупчо Златев.
Сите овие медиуми и новинари се таргет на власта и на ОЈО само затоа што ја изнесуваат вистината, болната вистина на виделина за криминалот кој го прави оваа влада откако е на власт.
Љубомир Јовевски, ОЈО и МВР се ставаат во функција на заштита на криминалот на Зоран Заев, Рашковски, Кирацовски, Анѓушев, Спасовски, Филипче, Ден Дончев и сите останати криминалци од власта на СДСМ.
Додека криминалците и рекетарите шетаат слободни и продолжуваат да рекетираат, уценуваат, прогонуваат и тероризираат за што е сведок и целата јавност, се гонат медиуми кои го објавуваат криминалот на оваа криминална банда на власт.
Апелираме до СДСМ и до власта, прекинете да вршите кривичен и политички прогон кон медиуми-новинари кои не ви се наклонети и кои не се под ваша контрола.
Прекинете да ги цензурирате медиумите и прекинете да ја забранувате слободата на говорот во медиумите.
Нема никого да замолчите и нема да спречите болната вистина за вашиот криминал да излезе пред очите на јавноста.
Вие сте криминално-рекетарска банда и мора што побрзо да заминете од власта!
Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа