Свет
13. April 2016 - 0:15

Дилма Русеф го обвини потпретседателот на Бразил за заговор против неа

Претседателот на Бразил Дилма Русеф смета дека заменик-претседателот на земјата Мишел Темер и претседателот на Долниот дом на Парламентот, Едуардо Куњо подготуваат заговор за нејзино соборување од власт.

- Живеам во страшно и опасно време, време на заговори, фарси и предавства. Вчера стана јасно дека сегашниот државен преврат, процедурата за мојот импичмент, има двајца нарачатели, кои дејствуваат со заеднички напори, рече таа.

Русеф додаде дека била шокирана од нивната бесрамност.