Живот
7. August 2019 - 16:33

Дилерот што се маскираше во ќерка си, пронајден мртов во ќелијата: Стана светска ѕвезда по обидот за бегство

Бразилскиот наркодилер, Клаувио да Силва, кој пред само два дена стана светска ѕвезда поради начинот на кој се обиде да побегне од затвор маскиран во ќерка си, пронајден е мртов во својата ќелија.

Затворските официјални лица неведоа дека Силва се обесил во својата ќелија, а истрагата е во тек.

Силва пред неколку ден асе обиде да побегне од затворот така што на лице стави силиконска маска, перика и наочари, верувајќи дека е доволно маскиран тргна да излезе од затвор.

Силва се обиде обиде да излезе така што и се приклучи на група посетители, но му бил сомнителен на еден од полицајците и побарал од него да ги извади наочарите, а потоа и периката.

Дилерот на дрога, кој веќе беше осуден на 73 години робија, префрлен е во друг затвор, каде би можела да му се приклучи и ќерката на која и се заканува двегодишна затворска казна.

Маската, градникот, периката и женската облека на Силва во затворот му ги донеал бремена жена, која исто така сега е во притвор.

Силва пред шест гоини се обиде да побегне ползејќи низ канализацијата, но го фатија чуварите.