Македонија
14. January 2020 - 16:54

ДИК се прогласи за ненадлежна, на Чулев не му треба врзан потпис за смена на началникот на СВР Скопје

На министерот Наќе Чулев не му треба потписот на дополнителната заменичка Славјанка Петровска за именување на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје.

ДИК се прогласи за ненадлежна да одлучува по спорот кој што изби во раководството на МВР.

Според комисијата, именувањето на Ставревски не е поврзано со изборите и тоа е изворна надлежност на министерот, а во такви случаи, комисијата нема за што да одлучува. Одлуката беше донесена едногласно.

Согласно Законот за Влада, техничкиот министер има право да изврши 15 промени во раководството на полицијата. Заменичката Петровска немаше проблем со останатите именувања, но спорен и беше Ставрески затоа што неговиот глас се слушал во прислушуваните разговори.

Опозицијата врати дека против Ставрески не се води никаков кривичен процес или истрага.