Македонија
9. August 2018 - 16:12

ДИК нема право да ги брише спорните гласачи од избирачкиот список

Избирачкиот список за референдумот на 30 септември останува со грешките за избирачи регистрирани на одредени адреси иако не живеат на нив. ДИК не може да ги избрише бидејќи немаат доказ дека податоците за нивното живеалиште се променети и тие се уште, според важечка лична карта или пасош изадени од МВР, се водат на таа адреса. Нема информација за колкава бројка на избирачи станува збор.

Дополнително, според Комисијата, барањета за промени во избирачкиот список мора да стигнат лично од таквите лица. Проблеми има и со самите адреси кои промениле име или нумерација. Избирачкиот список за референдумот стартува со истите податоци од ланските локални дополнет со оние кои станале полнолетни во меѓувреме. Во моментов евидентираат 1 милион 805 илјади 707 избирачи.

- Tеренска проверка е направена на претходни избори, напревени се соодветни промени врз основа на резултати, но дека сега методологијата за водење на избирчакиот список се води согласно изборниот законик. Податоци се добиваат од мвр, матични книги и од судови. Дека грѓани што промениле живеалиште се должни да поднесат барање до мвр за измена на личните документи, вели Гугучевска 

Избирачкиот список од денеска е на јавен увид. Граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право на референдумот на 30 септември ќе можат да проверат дали се запишани во евиденцијата на гласачи. Увидот ќе трае до 23-ти август. Проверката се прави или во подрачните едници на ДИК од 9 до 19 часот, или пак, електоронски преку интернет страницата на ДИК. Пребарувањето се прави по име и презиме, адреса или пак, матичен број.

До тогаш ќе можат да се поднесуваат и барањата за промени во Списокот.

Роковите за увид во избирчакиот список и пријавувањето за гласање во странство тече за дијаспората. 

Гласањето во дијаспората ќе се прави еден ден пред официјалниот референдум, на 29 септември.