ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково.
На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, недостасуваат две гласачки ливчиња и затоа побара гласањето на ова избирачко место да се поништи и да се разреши Избирачкиот одбор.
Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху рече дека гласањето се поништува само ако има поголем број ливчиња во гласачката кутија, што не беше така.
Членовите на ДИК гласаа и предлогот на Демири не беше прифатен, а тој најави дека за ова гласачко место ќе има одвоено мислење.
На седницата на ДИК беа прифатени и барања за дополнителни акредитации за вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај.
Членот на ДИК Борис Кондарко потсети дека утре, 30 април, на полноќ завршува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за парламентарните избори на 8 мај, со доставување на соодветна медицинска документација до Општинските изборни комисии. Исто така тој нагласи дека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки за вториот круг од претседателските избори
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
