ДИК на седница ќе расправа за бонусите

Државната изборна комисија денеска на седница ќе расправа во врска со својата Одлука за исплата на надоместок на претседателот, потпретседателот и членовите, како и вработените во стручната служба на Комисијата и лицата ангажирани во нејзините помошни тела за спроведување на локалните избори 2017 година.
Вчера американскиот амбасадор Џес Бејли изнесе информација во јавноста дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори, а оти претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година.
По ова ДИК излезе со реакција претседателот и членовите на изборните органи и изборната администрација имаат право на надоместок согласно член 19 од Изборниот законик што се утврдува со акт што го донесува ДИК и оти ова право е утврдено за вработените во ДИК од 2006 година, а за членовите на Државната изборна комисија од 2014 година.
Од ДИК посочија дека и покрај тоа право, одлучиле денеска на јавна седница да расправаат за предлог-одлука за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.
На денешната седница на ДИК членовите ќе го разгледаат и Извештајот за спроведените избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
