ДИК и официјално ја потврди победата на Пендаровски

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои заклучокот за објавување на конечни резултати од вториот круг на претседателските избори, според кој за претседател на Република Северна Македонија е избран Стево Пендаровски.
Според податоците на ДИК, од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 843.508 граѓани или 46,65 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 435.656 граѓани, а за Гордана Силјановска Давкова 377.446.
- Според ова, за претседател на Републиката е избран Стево Пендаровски кој доби мнозинство гласови од граѓаните кои гласале, рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Тој му ја честиташе победата на Пендаровски и му посака успешно извршување на функцијата.
ДИК на денешната седница, по објавувањето на конечните резултати од вториот круг, усвои и заклучок согласно кој претседателските избори се завршени.

Државната изборна комисија денеска на Пендаровски ќе му го врачи и уверението за избран претседател на државата.
На седницата, членот на ДИК Енвер Салии го праша Деркоски дали уверението што ќе го добие Пендаровски ќе биде двојазично, со оглед дека, како што рече, албанскиот јазик е службен. На ова претседателот на ДИК одговори дека уверението ќе биде согласно позитивните законски прописи, бидејќи ДИК е обврзана да ги почитува законите.
Ново на Сител
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
-

Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-

Го истепал вработениот на патарината Петровец, па со aвтомобилот ја скршил рампата и го напуштил местото
-

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
