Македонија
7. August 2017 - 16:45

ДИК го утврди роковникот за локалните избори

Почнуваат активностите на Државната изборна комисија, но и на сите учесници од локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври. ДИК уште денеска испрати барање до Министерството за внaтрешни работи да направи пресек на полнолетните државјани за да се утврди точната бројка во гласачи во Избирачкиот список. Министерството за информатичко општество и администрација, пак, ќе треба за неколку дена да ја извести ДИК за оние државни службеници кои ќе бидат дел од Избрачкиот одбори.

Државната изборна комсија го утврди и роковникот за изборите. Рок за собирање на потписи за кандидирање на советнички листи и градоначалници од група граѓани ќе трае од 21 август до 4 септември, а колку потписи се потребни за кандидатура во конрекретна општина ќе зависи од големината на локалната самоуправа.

Партиите и колициите ќе можат да ги поднесат кандидатурите за градоначалници во 83 општини и градот Скопје, како и советничките листи најдоцна до 9 септември до полноќ.

Изборната кампања почнува на 25 септември и ќе трае 20 дена, односно до полноќ на 13 октомври за првиот круг на гласање на градоначалници и за изборот на советници. За вториот гласање кампањата ќе трае до 27 октомври.

Ждрепката за утврдување на редослед на кандидатите на гласачко ливче ќе се изврши најдоцна до 18 септември, а набљудувачите треба да се акредитираат најдоцна до 4 октомври.

Гласачките места за советнички листи и прв круг за градоначалници ќе отварат во седум часот наутро на 15 октомври, а ќе се затворат во 19 часот. Изнемоштените, болните и оние во притвор и затвор ќе гласаат ден претходно. Вториот круг за избор на градоначланици онаму каде ќе е потребен ќе се одржи на 29 октомври.

Од денска почнува и мониторингот на медиумите за начинот на кој ќе известуваат за време на локалните избори од Агенцијата за медиуми.