ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 165-та седница едногласно ги донесе одлуките за подготовките за одржување на повторените локални избори закажани на 11 јануари 2026-та година во четири општини Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. На седницата ДИК го усвои и конечниот извештај за одржаните локални избори 2025 којшто треба да го достави до Собранието.
- Овој извештај го доставуваме како и секогаш, после сите избори согласно Изборниот законик до Собранието и извештајот јавно се објавува, ги содржи потребните податоци за спроведените изборни дејствија од страна на Државната изборна комисија, преземените активности хронолошки се подредени, надлежностите и сè она што беше преземено од наша страна за време на изборниот процес. Исто така, ги содржи и сите финансиски аспекти во врска со спроведувањето на изборите, трошоците кои ги имаше ДИК кои се наменети за целокупното работење и целокупните трошоци за сите изборни дејствија во врска со спроведените Локални избори, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Преку овој извештај ДИК преку двата документи овозможува преглед и отчет за преземените дејствија, активностите за спроведените локални избори, ќе го достави до Собранието и јавно ќе биде објавен.
На денешната седница беа усвоени и предлог одлука за формирање на работна група задолжена за подготовка, проверка на доверливиот и недоверливиот изборен материјал и неговата достава до општинските изборни комисии за изборите кои ќе се одржат на 11 јануари. Работната група има овластувања, како и работните групи за локалните избори, но е во помал формат, наменета за изборите во четирите општини. ДИК донесе одлука за ангажирање на лицата во работната група за одржување на серверската и мрежна инфраструктура, одржување на бази на податоци и обработка на избирачки список како и за определување на надоместок на ангажираните лица. Како што појасни Кондарко, согласно изборниот законик, ДИК има овластување да носи ваква одлука, со оглед на потребата за спроведувањето на изборите.
- Ние донесовме ваква одлука и во пресрет на локалните избори 2025 година. Со оглед дека важноста на оваа одлука е до 31.12, годинава, а поради повторените локални избори во јануари 2026-та, мораме да ги ангажираме овие лица кои ќе ги извршуваат истите функции, ќе ги имаат истите надлежности како и за локалните избори и на овие повторени избори. Нивниот ангажман ќе биде ограничен само на еден месец за време на спроведувањето на повторените избори значи во јануари 2026-та година заклучно со 31-ви јануари, рече Кондарко.
На денешната седница беше донесена и одлука за формирање на работна група за меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и безбедносни прашања. И оваа работна група ангажира стручни лица, експерти од ИТ сферата и безбедност за непречено одржување на изборите, чиишто овластувања и надлежности не се менуваат туку наменски се определени за потребниот временски период за потребите на претстојните избори.
На дневниот ред на денешнава 165-та седница беа определени координатор, заменик-кооринатор и членови на меѓу институционалното координативно тело за ИКТ и безбедносни прашања кои ќе бидат ангажирани овој ограничен временски период во текот на месеци јануари за спроведување на изборите за градоначалници во четирите општини.
- Тие лица веќе беа ангажирани за локалните избори и професионално и стручно си ја извршија нивната работа така што овие лица се неопходно потребни, ги задржуваме со ограничен мандат со донесувањето на оваа одлука за да имаат формално пристап и овластување да ги извршуваат изборните дејствија од ИТ областа на работењето на ДИК, рече Кондарко.
ДИК продолжува да ги презема законските редовни активности согласно роковникот за организирање и подготовка на сите изборни дејствија кои се однесуваат на изборите за 11 јануари.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
