ДИК: До 10 часот одѕивот 9,49 проценти
До 10 часот изутринава одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 9,49 проценти од обработени 95,09 отсто од вкупниот број запишани избирачи на ниво на Макеоднија, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.
Излезноста во првата Изборна единица е 11,05 проценти, во ИЕ 2 е 9,70 проценти, во ИЕ 3 е 11,36 проценти, во ИЕ 4 е 11,29 проценти, во ИЕ 5 е 9,05 проценти, а во ИЕ 6 одѕивот е 5,10 проценти.
Според Чичаковски, нема информации за поголеми нерегуларности. До ДИК неколку граѓани поднеле приговори за повреда на гласачко право и тие се разгледуваат.
- Сите места се отворени навреме и гласањето тече во сите избирачки места. Гласањето од дијаспората се обработува и кога ќе биде готово ќе биде објавено, рече Чичаковски, одговарајќи на новинарски прашања.
Според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија. На посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје