Македонија
29. July 2015 - 16:31

Дијаспората обединета - Да не се одзема правото на глас

Македонската дијаспора обединета во одбрана на правото на глас и претставници во Парламентот. Советот на македонската заедница од Детроит, како и Македонската Алијанса испраќаат порака до работните групи на четирите политички партии дека тешко стекнатото право на глас на иселениците не смее да биде предмет на укинување, туку единствено за што може да се зборува е негово подобрување. Националниот центар од Детроид апелира да не се дозволи партиската желба на поединиц да провладам наспроти националните и државни интереси на Македонија.

- Иднината на нашиот народ и држава е оставена во рацете на мала група политичари кои сакаат да си поиграат со националните чувства на македонската дијаспора, нашите граѓански права, но и должности како македонски државјани без оглед на фактот што сме на привремен престој во странство.

Здобивањето со избирачко право во Македонија беше долготраен, но и долгоочекуван  процес и ние нема да се откажеме од него, стои во реакцијата на  Советот на Македонската Заедница, посчувајќи дека нивен приоритет ќе биде борбата за одржување на двонасочна и ефективна врска со Македонија.

Дека гласот на иселеницте е уставно загарантирано посочува и Македонската Алијанса. Таквото право како дел од универзалната декларација за правата на човекот не може да биде предмет на пазар меѓу партиите.

- Ние сме свесни дека веројатно има одредени прашања кои можат да се подобрат, но секој почеток е тежок и секогаш постои можност правилата да се унапредат врз основа на претходните искуства. Ние имаме разбирање за фрустрацијата на одредени политички партии, кои својот неуспех да се наметнат програмски во дијаспората сакаат да го решат со иницијативи за укинување на нивното право за гласање.

Еднаквоста како принцип на избирачкото право значи дека гласот на секој граѓанин има еднаква вредност, пишува во реакцијата на Македонската алијанса.

Вечера и најголемата организација на македонските иселеници, Обединетата Македонска дијаспора отоврено застана против варијантата да и с еукине правото на глас на дијаспората.

ОМД смета дека македонската дијаспора има важно влијание во промоцијата на Македонија во меѓународните организации и значајно влијае врз македонската економија. Правото на глас на дијаспората, на различни начини, е регулирано во речиси сите држави на Европа.