Македонија
25. September 2023 - 16:31

Дијабетот кај децата како пост ковид епидемија

Расте бројот на деца со дијабетес тип 1. Од почетокот на Ковид пандемијата ендокринолозите на Детската клиника годишно оваа хронично заболување го дијагностицираат кај 70-тина деца. Според лекарите причина е вирусот.

- Имаме пораст на деца со дијабетес, но и со други хронични заболувања, изјави проф. д-р Стојка Фуштиќ, директор на Клиниката за детски болести.

Во земјава има 700-тини деца со дијабетес Тип 1 кои се зависни од инсулин и треба редовно да го контролираат шеќерот во крвта. За да им се олесни престојот во градинките и училиштата денеска беше промовиран “Протокол за постапување со деца со дијабет“.

За долгогодишното барање на родителите државата да набави сензори за контрола на шеќерот од министерството за здравство соопштија дека дел се пристигнати во земјава и наскоро ќе бидат поделени.

Изминатиот период здруженијата на пациенти со дијабетес одржаа и некоплку протести, а меѓу клучните барања беше и набавката на сензори.