Ракомет
10. March 2017 - 13:16

Дибирова: Имаме одличен тим и квалитетни ракометарки

Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар на денешната прес конференција пред дуелот од ЛШ со Турнингер ја претстави Ирина Дибирова (Полторацкаја) како нов тренер, која доаѓа на местото на Давид Дејвис кој по негово барање се враќа во машкиот тим како помошник на Гонзалез. 

- Првпат сум тренер, имаме одличен тим и квалитетни играчи. Имаме план и подготвени сме, треба да прикажеме добра игра против Турингер за да дојдеме до посакуваната победа, изјави Дибирова.
На прес конференцијата беа присутни и ракометарките Ања Алтхаус и Амадин Лејно.
- Не очекува тежок натпревар, а ние мора да ја работиме нашата работа најдобро што ја знаеме и да стигнеме до победа. Ќе се бориме да освоиме два важни бода, изјави Алтхаус.
- Немам што да додадам. Нема да биде лесно, затоа мораме да бидеме ангажирани од првата до последната секунда. За Вардар е секогаш подобро кога игра дома дека од публиката добиваме сила, изјави Лејно.
За промената на клупата претседателот на клубот Гордана Нацева истакна.
- Во тимот се случуваат промени. Имаме нов тренер, Ирина Дибирова. Таа е спортист со богато „CV“. Дејвис направи серија од добри резултати благодарение на кои успеавме да бидеме првиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето во ЛШ. Сега, во наредните недели ни следи работа, изјави Нацева.
За утрешниот ривал Турингер, помошникот тренер Аце Станковски изјави:
- Турнингер е во добра форма. Против нас одиграа добар натпревар, иако беа во негатива од седум голови. Со ФТЦ во претходното коло одиграа нерешено.
Натпреварот ЖРК Вардар - Турингер со игра утре (сабота) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.