-->
-->
Ди Марија го напушта Јувентус
-->
Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел ди Марија потврди дека нема да го продолжи договорот со најтрофејниот италијански клуб Јувентус.
„Дојдов до крајот на тежок и сложен период. Заминувам сигурен дека дадов сè од себе. Не успеавме да освоиме титули и поради тоа останува горчлив вкус во устата“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.
Ди Марија одигра за Јувентус 40 натпревари на кои постигна осум голови и додаде седум асистенции.
„Од првиот момент кога дојдов се чувствував како дома. Засекогаш ќе го носам Јувентус во срцето“, додаде Ди Марија, кој го облече дресот на Јувентус минатото лето кога без обесштетување дојде од ПСЖ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски во работна посета на САД
-

ССМ повикува на протест во сабота
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
-

Малигните заболувања втора причина за смртност
-

Над 20.000 граѓани се очекува да ги искористат бенефитите на новиот Закон за работно ангажирање
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
