Дезинфекција на локалните улици во тетовскиот регион

На подрачјата на тетовскиот регион кои беа зафатени со поплавите се врши дезинфекција на локалните улици.
Акцијата започна вчера во вечерните часови и ќе се спроведува и во текот на денешниот ден, во периодот од 23 часот до 6 часот наутро.
Станува збор за организирана интердисциплинарна акција во која се вклучени повеќе надлежни институции, меѓу кои Министерството за здравство, Армијата на Република Македонија, локалната самоуправа преку јавното комунално претпријатие и Министерството за внатрешни работи во делот на логистичката поддршка.
Министерството за здравство денеска информира дека во моментот во подрачјата кои беа зафатени од поплавите нема опасност од контаминација и ширење заразни заболувања и оти дезинфекцијата се спроведува превентивно, според препораките од експертите од областа на хигиената и епидемиологијата.
- Со оваа акција се заокружуваат активностите за расчистување на подрачјата зафатени од поплавите и навремена реакција и спречување на појавата на можни последици од истите, се наведува во соопштението од Минисетрството за здравство.
Ново на Сител
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
-

Министерката Јаневска на увид на градежните работи во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје
-

Варирањето на нивото на Охрдиското Езеро остава последици врз растителниот и животинскиот свет
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
