-->
-->
Девојка испила солна киселина, па скокнала од петтиот кат
-->

Девојка со иницијали А.Х. (25) извршила самоубиство, скокајќи од последниот кат на снабена зграда во Калесија.
Таа не живеела во зградата од која скокнала, а немилиот настан се случил вчера околу 13:00 часот.
Во станот пронајдени се стол, со кој девојката се качила на прозорецот и едно шише солна киселина.
Според неофицијални информации, 25-годишната девојка најпрво ја испила солната киселина, а веднаш потоа скокнала.

Очевидци изјавиле дека по скокот девојката се уште била жива.
- Кога излегов од зградата, видов женско тело на бетонот.Таа особа беше се уште жива, плачеше и се жалеше. Насекаде имаше крв, ние ја прскавме со вода. Немавме телефон, па првиот минувач повика Брза помош, а потоа и полиција. Кога ја внесоа во возилото на Брзата помош, се уште беше жива, - изјавил сведок на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава