-->
-->
Девојчиња испиле „розеви таблети со мечиња“, завршиле во болница!
-->

Четири девојчиња на возраст од 13 години покажале симптоми на предозираност од екстази поради што биле примени во болница во Манчестер.
Девојчињата кажале дека во неделата вечерта проголтале „розеви таблети со нацртани мечиња“.
- Ова би можело да уништи семејство, можело да се случат озбилни последици. Не знаеме што содржат тие таблети, ги молиме сите ако дојдат во контакт со таблетите да не ги користат, се наведува во соопштението на полицијата.
Девојчињата по прикажаната лекарска помош се пуштени на домашна нега, а полицијата наредила да се пребараат куќите во кои живеат.
Полицијата уапсила 18-годишно момче кое е осомничено дека продава дрога А класа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
