-->
-->
Девојче од една година е веќе зависник, кога ќе слушнете зошто ќе ви надојдат солзи!
-->
Индонезијката Хеди Хаура има само четиринаесет месеци и пие 1,5 литри кафе на ден повеќе од половина од својот животот. Родителите велат дека се принудени да стават кафе во шише затоа што немаат доволно пари за да купат млеко.Анита и нејзиниот сопруг Сарифудин работат како надничари и заедно заработуваат нешто повеќе од еден долар на ден, што не е доволно за да ги покрие дури и најосновните потреби во животот. На Хеди почнале да и даваат кафе кога девојчето имало едвај шест месеци.
Немавме избор, немавме доволно пари за млеко. Таа секој ден пие три полни шишиња сварено кафе со шеќер и тоа не и наштетува“, тврдат родителите.
Девојчето, како што објавија локалните медиуми, засега нема здравствени проблеми. Уште повеќе, се развива како и секое здраво дете. Сепак, родителите признаваат дека таа честопати има проблеми со заспивање и дека се случувало да остане будна цела ноќ играјќи си.
Проблемот е во тоа што девојчето станало зависно од кофеин, и самата неколку пати во денот бара шише со кафе.
Властите реагирале дури откако Анита се пожалила дека, и покрај бројните апели, социјалната служба не помогнала ниту еднаш не помогнала и не му обезбедила на детето тоа што му треба.
Сега Малата Хеди треба да има млеко секој ден, а лекарите и работниците во Центарот за социјална грижа строго им забраниле на нејзините родители да и даваат на кафе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
