Бизнис
5. October 2019 - 16:36

Девојче од Битола со оштетен вид - прво во земјава кое ќе добие иновативни израелски очила

На девојче од Битола со оштетен вид иноватиен уред од Израел ќе и го промени животот.

Уредот со вештачка интелигенција на очилата кај слепите лица и тие со оштетен вид ќе овозможи  да  читаат печатени и дигитални текстови,  менија во ресторани,  етикети,  екрани на мобилни и компјутери.  

Ќе можат да препознаваат лица и производи, да знаат колку  пари имаат во рацете и колку е часот.

Овој уред месецов треба да пристигнат кај нас, а девојчето од Битола ќе биде првиот македонски корисник.

- Станува збор за современа направа која ќе  им помогне на овие лица да фунцкионираат нормално во секојдневието.

Батеријата на уредот трае час и половина ако корисникот чита книга, а може и цел ден ако се користи повремено. Батеријата на уредот брзо се полни, за 15 минути до 70 отсто.

Во моментов уредот за очилата „зборува“ на 25 јазици. Меѓу кои и  руски, чешки и бугарски.  Се очекува да биде достапен и на арапски.

Овој уред е само еден од  иновациите во Израел. Нивната економија  која важи за една од најразвиените ја сочинуваат бројни старт ап бизини. 

Пораката од таму до нашите млади е  да се насочат кон иновации бидејќи тие се значаен дел за раст и развој на економијата на една земја.