Живот
8. April 2019 - 14:09

Девојче (6) кое ја измами смртта: Падна од 26 кат од зграда во Кина, стана и си замина, еве како се спаси

Девојче во Кина ја измами смртта откако случајно падна од прозорец на 26. кат, додека било само дома. Шестгодишното девојче останало живо зошто нејзиниот па го ублажила тенда над гаража.

Снимките кои ги објавија кинеските медуми прикажуваат девојче како станува и заминува откако силно удира во земја.

Паднало покрај низа мотоцикли, заедно со остатоците од тендата, а неколку секунди потоа станува сама и заминува.

Инцидентот се случил во вторникот, во населба во југозападната општина Чонгквинг. Се наведува дека детето било заклучено само дома, а членовите од семејството излегле. Девојчето се разбудило и сакало да излезе надвор.

Очевидци девојчето го однеле во болница каде е утврдено дека има фрактури на десната рака.

Девојчето имало скршеница и е хоспитализирано, но е надвор од животна опасност.