Девојче (2) исчезна во шума, го пронајдоа по 15 часа: Целиот сомнеж за исчезнувањето е свртен кон мајката
Пожарникарите од градот Порт Венворт објавија на Фејсбук дека девојчето Камиа Викс исчезнала вечерта. Надлежните веднаш тргнаа во потрага, а го прочешлале подрачјето и надвор од Савана, пренесува Фокс Њуз.
Според нивните зборови, мајката на девојчето била вознемирена кога ја видела покрај езерото, каде се наоѓала и превртена детска количка.
Потоа властите ја пребарале водата, а вниманието било насочено кој шумскиот дел од подрачјето.
По повеќечасовна потрага низ густата шума, го пронашле девојчето во средата покрај едно дрво. Девојчето ноќта ја поминала сама во шумата, но за среќа се се завршило без поголеми последици.
Снимката која настанала во таа прилика го покажува моментот кога спасителите му приоѓаат на девојчето низ густите грмушки. На снимката се слуша глас кој вика „таму е детето, го лоциравме“, а потоа се гледаат спасителите како трчаат во правец на девојчето.
Еден од нив потоа ја зема во прегратка.
-На спасителите им падна камен од срцето кога ја здогледале. Девојчето било со покачена температура и имала неколку гребаници на себе, но била во добра состојба, рече полицијата.
Како што пишува Фокс Њуз, мајката на девојчето е одведена во болница и ќе биде испитана од полицијата.
За сега не е познато како и зошто девојчето завршило во шума.
Ново на Сител
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби