Девојче (15) во петокот почина после земање екстази: Нејзините родители ја објавија оваа фотографија како предупредување
Семејството на Шакира Пелов (15), девојката која почина од конзумирање наркотици, одлучи јавно да ја сподели нејзината последна фотографија која е направена додека тинејџерката лежела во болничкиот кревет и се борела за живот.
Нејзината борба почна во петокот кога паднала во несвест во еден парк во Корнвел по што неколку пати и застана срцето, а и откажаа и сите органи.
Партнерот на нејзината мајка Рита Хол, Ли Бучер, одлучи да ја слика Шарлот и бил убеден дека девојчето ќе преживее, но таа сепак починала неколку часа подоцна. Хол и Бучер одлучија сликата јавно да ја споделат како јасно предупредување до другите да бидат претпазлици за опасноста која се заканува од конзумирањето наркотици.
- Тоа е најужасната фотографија и дискутиравле дали да ја објавиме. Сепак, сакавме да и порачаме на тинејџерите дека тоа ќе им се случи доколку продолжат да земаат наркотици. Нашата Шакира нема да се врати. Ова беше нејзиниот живот и сега е завршен, а тоа лесно може да им се случи на сите. Ова е шокантна фотографија, но искрено верував дека ќе успее да преживее. Ја сликав со намера подоцна да и ја покажам. Не ни помислував дека тоа може да биде и полошо, но сега ни се случи таа тажна ситуација. Сакавме фотографијата да стои како предупредување во нејзина чест и сеќавање, сакаме да им помогнеме на другите. Овие наркотици не се насочени кон забава, тие убиваат луѓе. Апелираме до сите кои имаат такви таблети да ги предадат во полицијата и да кажат од каде ги набавиле. Не е поткажување или вртење грб зошто тие не го продаваат тоа што го тврдат. Ова е за спасување животи. Сакаме да го свртиме вниманието. Ако можеме да спасиме барем еден живот, ќе биде вредно, рече Бучер.
Шакира во петокот на 6. јули излезе да се забавува со пријателите пред да отиде во паркот. Се верува дека тинејџерите зеле сини таблети на кои пишувало „Дупло“ како познатиот бренд. Набрзо семејството на Шакира е известено дека четворица тинејџери паднале во безсбест и веднаш побрзале во болница, пишува Дејли мејл.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество