Деветти научен собир на млади македонисти
Над 30 млади научници од Македонија и од странство со свои реферати ќе се претстават на 9. Меѓународен научен собир на млади македонисти - Конференција во чест на Лилјана Минова - Ѓуркова, кој денеска и утре се одржува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
- Овој собир својата традиција ја има уште од 1993 година. Идејата за организирање на собирот беше на професорката Лилјана Минова - Ѓуркова и по нејзината прерана смрт, тој се одржува во нејзина чест. Собирот е многу значаен за Филолошкиот факултет и за македонистите општо затоа што го покажува напредокот на нашиот подмладок, рече проф. д-р Искра Пановска-Димкова од Организацискиот одбор на собирот.
Таа изрази задоволство што годинава има учесници од Македонија и од странство, сите оние кои се занимаваат со македонскиот јазик и со македонската книжевност.
Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје истакна дека овој собир на млади македонисти почна со цел да се здружат младите сили и да се покаже нивниот интерес кон македонскиот јазик.
- Од седмиот научен собир имаме излагачи со теми од македонската литература и македонската култура за да не ги огранчуваме сите оние кои сакаат да го изучат македонскиот јазик. На овој собир имаме два блока кои се посветени на македонската литература и на македонската култура. Акцентот е ставен на современата македонска литература бидејќи се работи за млади кадри, млади луѓе кои ги интресира современието, рече Мојсова-Чепишевска.
Младите, како што рече, сакаат да видат што се случува во македонската литература и култура, за кои теми се пишува, како се пишува, а иксуствата ги понесуваат и во своите држави и прават споредби.
Таа појасни дека на собирот учествуваат студенти од четврта година, магистранти и докторанти кои се занимаваат со теми од македонскиот јазик, литеарура и култура. Додаде дека секогаш има интрес за учество на собирот.
Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје, проф. д-р Славица Велева потсети дека оваа манифестација има богата традиција од 23 години.
- Македонскиот јазик, литература и култура некој ги нарекува мали со што апсолутно не се согласувам. Македонскиот јазик го нарекуваат и егзотичен, но јас би го нарекла посебен јазик. Секој што сака да истражува, да споделува искуства од другите земји, мислам дека веќе наоѓа поддршка и поткрепа во македонистиката, рече Велева.
Таа потсети на богатството што го нуди македонскиот јазик во однос на граматичката и книжевната структура и на културното милје што го поседува македонистиката. Порача младите македонисти да си го најдат местото во институциите.
По официјалното отворање на собирот беа промовирани зборниците од седмиот и осмиот собир.
Првиот научен собир се одржа на 20 и 21 мај 1993 година на иницијатива на проф. д-р Лилјана Минова - Ѓуркова од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Основниот концепт на собирот беше тој да претставува научна средба на млади научни работници чија прва или втора специјалнмост е македонскиот јазик. На досегашните собири учествувале над 350 млади научници.
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја