Македонија
14. December 2018 - 9:03

Деветта средба на сточари и земјоделци

Во организација на подрачната единица на АПРЗ и земјоделско-сточарско здружение „АГРО ЦЕНТАР“ од Велес, денеска во с. Теово, општина Чашка, ќе се одржи деветта средба на сточари (одгледувачи на овци) и земјоделци од Републиката.

 
На средбата ќе присуствуваат регионалните сточари, претставници од локални здруженија од Републиката,  директорот на Ј.П. Пасишта на Република Македонија Љујзим Фејзулаху и градоначалникот на општина Чашка.
 
На средбата ќе бидат изнесени импресии од досегашните состаноци, постигнатите резултати при комуникацијата со МЗШВ и насоки за понатамошно дејствување од страна на сточарите.