Деветнаесетто продолжение на конститутивната собраниска седница

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат дебатата за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Во досегашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа отфрлање на тиранската платформа и предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од политичката криза, додека од СДСМ сметаат дека не се почитува собранискиот Деловник и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.
Денеска е 19-то продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
