Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа, мотоциклист потешко повреден
Мотоциклист бил потешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки полесно биле повредени осум лица, а во една била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Седумдесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, тројца вазичи за неправилно престигнување и 26 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 139 непрописно паркирано возило.
Од сообраќај биле исклучени 13 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и четири технички неисправни возила, 18 нерегистрирани возила и две возила за претовар.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 75 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“, кое се наоѓа во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра