Македонија
5. April 2018 - 9:24

Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени

Во изминатите 24 часа во Скопје се случиле девет сообраќајки, а шест лица се здобиле со лесни телесни повреди. Регистрирани се пет сообраќајки со материјална штета.

Сообраќајната полиција исклучила 18 возачи од сообраќај. Шест од нив биле возачи почетници, а 12 се исклучени пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Од сообраќај биле исклучени и 16 нерегистрирани возила.

Во изминатите 24 часа непрописно биле паркирани 97 возила, а 68 се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Четири возачи поминале на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил, а двајца неправилно престигнувале.

Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници  со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Братство“ во општина Карпош, во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.