Девет предмети за дискусија на седница на Уставниот суд

Девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлога за донесување на конечни одлуки се на дневен ред на денешната седница на судот.
Меѓу иницијативите што ќе се најдат на дневен ред е и онаа со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поднесена од Славко Лазовски, кој смета дека овој термин не е усогласен со современите уставни вредности.
Судот ќе ја разгледува и иницијативата на Игорчо Точев со која се оспорува дел од член 34 став 5 од Законот за минерални суровини, како и одлука за присоединување на компанијата „Боров Дол“ кон „Бучим“, поради наводи дека се остава простор за арбитрарно определување на надоместок.
На дневен ред се и три иницијативи што се однесуваат на одредби од Законот за прекршоците. Подносители се пратениците Зиадин Села, Илире Даути и Елми Азири, како и Или Пачуку и политичката партија предводена од Арбен Таравари. Тие тврдат дека новите решенија за електронско евидентирање на сообраќајни прекршоци создаваат нееднаквост меѓу граѓаните бидејќи системот се применува само во Скопје, Тетово и Куманово.
Судиите ќе расправаат и по иницијативи поврзани со одредби од Законот за јавните набавки, Законот за забавни игри и игри на среќа, измените на Законот за метрологијата, како и по одлука на Општина Центар – Скопје за утврдување на висината на нултата плоча кај градби на терени во пад.
Дополнително, на седницата ќе се разгледа и иницијатива за оценување на член од статутот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбеното стопанство, поради наводи дека работниците не можат да истапат од синдикатот во период од три години.
Судот денеска ќе постапува по барање за преиспитување на претходна одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесено од Вера Апостоловска, во кое се оспорува учеството во гласањето на судијката Елизабета Дуковска.
На дневен ред се и два предлога за донесување конечни одлуки по предмети во кои Судот веќе поведе постапка за оценување на уставноста на измените на законите за платите на судиите, јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
