Девет лица повредени во 21 сообраќајка во Скопје во текот на викендот
Двајца возачи на патнички возила и еден велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во три од вкупно 21 сообраќајна незгода што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 14 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, евидентирани се 178 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 46 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 13 возачи почетници.
Полицијата од сообраќај исклучила и 40 нерегистрирани возила, три возила за претовар и 264 за непрописно паркирање. Со специјалното возио „пајак“ подгинати биле 175 возила.
Тројца пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, тројца поминале коловоз на црвено светло, 13 возачи поминале крстосница на црвено светло, девет возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 11 за не правилно престројување, четири за неправилно престигнување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница и осум за непоседување пропишана зимска опрема во возилата. Евидентирани се и 18 возачи за не носење сигурносен појас, а 28 за користење на мобилен телефон додека возеле.
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе