Македонија
30. August 2015 - 17:56

Детски карневал во Кавадарци

Во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2015", денеска во Кавадарци се одржа детскиот карневал, на кој продефилираа стотина дечиња од основните училишта и градинки од Кавадарци. 

Преправени во своите омилени јунаци од цртаните филмови, фудбалски херои, но и со неколку креативни групни маски во кои голем удел имаат и нивните родители и наставници, малите дечиња ја збогатија манифестацијата која секоја година се реализира од општина Кавадарци и на која присуствуваат гости од регионот, Македонија и странство.