-->
-->
Детска олимпијада за најмладите од предучилишна возраст во Кочани
-->
Над 200 деца од предучилишна возраст од четирите објекти на градинката „Павлина Велјанова“ од Кочани учествуваа на Детската олимпијада, што се одржа петта година по ред. Тие се натпреваруваа во пет спортски дисциплини прилагодени на нивната возрасна категорија.- Детската олимпијада ја организираме како заокружување на спортските активности што се реализираат на текот на целата воспитна година. Главна цел ни е кај децата да развиеме љубов кон спортот и спортски натпреварувачки дух, но и да ги постигнеме стандардите за рано учење и развој, истакна директорката на детската градинка „Павлина Велјанова“, Лидија Серафимова.
Детската олимпијада е замислена како можност за постигнување високо на ниво на моторички здрав интелектуален развој кај најмладите, а што треба да иницира спортски навики и подобра здравствена култура.
Манифестацијата беше под покровителство на Локалната самоуправа, а во соработка со Општинскиот спортски актив од Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
