Детето кое падна од небо: Фотограф случајно сними ужасна глетка, одлучи да ја објави по 49 години
Кејт Сапсфорд имал 14 години кога се скрил во просторот за тркала на авион на аеродромот во Сиднеј. Тоа било во 1970 година. Просторот во кој се скрил се отворил за да се извлечат тркалата и детето паднало од височина од 60 метри и загинало.
Фотографот аматер Џон Гилпин го снимил шокантниот момент на падот на детето. Фотографијата е споделена на Реддит оваа недела.
Гилпин вели дека не знаел дека ги снимил последните моменти од животот на детето се додека не ги развил фотографиите, недела дена по трагичниот пад.
Детето и неговото семејство биле на патување околу светот за да ја задоволат љубопитноста на детето за патување.
„Се што мојот син сакаше е да го види светот. Неговата желба да види како живеат другите луѓе го плати со животот“, рече неговиот татко, Чарлс Сапфорд во тоа време.
„Се вративме дома и одлучив да го испратам во римокатолично училиште кое се занимаваше со проблематични деца зошто побегна од дома неколку пати. Но Кејт побегна од институцијата и отиде на аеродромот во Сиднеј“, рече таткото.
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени