-->
-->
Детектор: Сѐ уште голем број граѓани се задоволни од работата на Филипче
-->
Сѐ уште е висок процентот на граѓани кои се задоволни од работата на министерот за здравство, Венко Филипче, покажува анкетата која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.78,3 отсто од испитаниците се задоволни од Филипче, а само 15,2 проценти не се.
Во споредба со март, може да се забележи мал пад на довербата кај Филипче. Во март, 80 отсто од граѓаните рекле дека се задоволни од тоа како Филипче работи, а процентот на незадоволни бил само 11.
Поделено е мислењето на граѓаните околу тоа дали македонското здравство има доволно ресурси за се справи со кризата. 41,2 отсто рекле „да“, а 35,2 проценти „не“.
Речиси и да нема разлика во мислењето на граѓаните од месец март. Па така, во март 42,8 отсто рекле дека здравството има доволно ресурси, а 34,2 проценти рекле дека нема.
Поделено е и мислењето за тоа дали граѓаните се задоволни од начинот на кој граѓаните можат да бидат тестирани доколку имаат слични симптоми како тие на корона вирусот. 40,7 отсто се задоволни, а 33,8 проценти незадоволни. 25,5 отсто рекле немале став по ова прашање.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минус 3%.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
