Македонија
1. March 2020 - 17:57

Детектор: Културата добива несоодветна поддршка од државата

Државата не обезбедува соодветна поддршка за културата а и онаа која што ја обезбедува во вид на финансирање на проекти ја распределува на несоодветен начин, сметаат мнозинство од граѓаните кои беа дел од јавното истражување кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

51,6% се на став дека државата нема соодветен пристап за развој и поддршка на културата додека 26,2% сметаат дека пристапот е соодветен. 

63,4% сметаат дека државата треба да обезбеди повеќе средства за поддршка на културата, 14,3 се на став дека средствата кои сега се одвојуваат се доволни, додека 6,1% сметаа дека треба да се одвојуваат помалку средства.

51,4% се на став дека не е соодветен изборот на културни манифестации кои добиваат поддршка од државата, додека 23,6% сметаат дека државата прави правилен избор.

56,2% сметаат дека светски признатите уметници не добиваат соодветна поддршка од државата, додека 20,3% сметаат дека поддршката е соодветна. 

За да се добие поддршка поважна е политичката припадност на авторите сметаат 52,5% од анкетираните додека 25,6% сметаат дека поддршката од државата за проектите од културата се базира исклучиво врз квалитетот на авторите.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.