Детектор: Граѓаните и натаму со висока поддршка за мерките против корона вирусот
Иако се бележи благо намалување, сепак граѓаните и натаму во големо мнозинство им даваат поддршка на рестриктивните мерки за заштита од Корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 57,5% од граѓаните сметаат дека воведените мерки се соодветни, 21,2% ги сметаат за престроги за 13,2% за недоволни. Во споредба со истражувањето кое за Детектор ИПИС го спроведе на почетокот на кризата во март, за 5 процентни поени пораснале граѓаните кои сметаат дека мерките се соодветни а за 3,2 процентни поени се намалил бројот на граѓани кои мерките ги сметаат за соодветни. Најголема промена има меѓу граѓаните кои мерките ги сметаат за недоволни. Ако во март 20% од граѓаните сметале дека мерките не се доволни, сега тој процент паднал на 13,2%.
Благо намалување бележи и поддршката за министерот за здравство Венко Филипче од чија работа како задоволни се изјасниле 78,3% од анкетираните, што е помалку во однос на оние 80% кои беа регистрирани во мартовската анкета. Кога станува збор за граѓаните кои не се задоволни од работата на министерот Филипче, нивниот број од 11% во март, пораснал на 15,2% во април. 71,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со корона вирусот додека 22,2% велат дека не се. Во однос на претходно истражување на јавното мислење во март, задоволството на граѓаните од работата на надлежните паднало за 8 процентни поени за месец дена, а за 8,2 процентни поени пораснало незадоволството во истиот период. 77,2 од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот додека 17,9% не се убедени во тоа. Помалку од половина од анкетираните сметаат дека македонското здравство има ресурси за да се справи со кризата. Ваков став делат 41.2% од анкетираните, додека 35,2% се убедени во спротивното. Во споредба со истражувањето во март, не се бележат значителни промени кај расположението на граѓаните . 40,7% од анкетираните граѓани велат дека се задоволни од начинот на кој се врши тестирањето за присуство на корона вирусот. 33,8% велат дека не се задоволни а 25,5% немаат одговор на ова прашање. Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат нормализација на состојбата до крајот на мај. Ваков став имаат 36,6% од анкетираните. 18,3% очекуваат нормализација до крајот на јуни а 12,1% до крајот на месец април. 7,2% од анкетираните сметаат дека нормализација ќе имаме дури во септември, 5,1% до крајот на годината а 1,3% следната година . Граѓаните и натаму најмногу стравуваат од економската криза предизвикана од корона вирусот. Ваков став имаат 33,5% од анкетираните што е благо намалување во однос на оние 38,8% кои економската криза ги загрижуваше најмногу во мартовската анкета. 11,8% стравуваат од колапс на здравствениот систем, 10,1% од недостаток на храна и лекови, 8,5% од рестрикциите на социјалниот живот и 7,6% од губењето на работното место. Во однос на земјите од регионот, граѓаните во мнозинство сметаат дека нема некоја разлика во начинот на кој Македонија се справува со кризата. Ваков став имаат 49% од анкетираните. 23,6% сметаат дека земјава се справува подобро а 17,1% полошо од соседните земји. Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка