Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Секој трет граѓанин или 35.2 проценти размислуваат да се иселат од Македонија покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од Македонија, покажуваат деталните анализи на бројките.
Наведено е дека 15,9 проценти велат дека причина да сакаат да се иселат се платите, а веднаш зад нив се оние кои велат дека причина се подобрите можности за децата, подобро здравство, подобро образование и инфраструктура.
Според анкетата, прв избор за дестинација е Германија која ја избрале 11,8 проценти од испитаниците, Швајцарија со 6.9 проценти и Словенија со 5.2. Скандинавските држави и САД се избор на нешто над три проценти испитаници.
Дека со сигурност ќе се иселат од државата во следните 5 години одговориле 10 проценти од испитаниците.
Огромен број испитаници дури 64.9 проценти велат дека имаат свој близок кој веќе се преселил во странство. 70 проценти од испитаниците сметаат дека споредено со периодот пред 5 години степенот на иселување се зголемува.
Истражувањето за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 24 до 26 јануари оваа година на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
