Македонија
23. April 2023 - 16:33

Детектор анкета: Секој трет млад човек на интернет поминува повеќе од 4 часа секој ден

Најголем дел од граѓаните дневно на интернет поминуваат меѓу 1 и 2 часа, иако кај младите овие бројки значително се разликуваат, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 Тоа е една петтина од сите анкетирани граѓани или, меѓу 60 и 120 минути секој ден на интернет се 20,5% од граѓаните.
17,5% на интернет секој ден поминуваат над 4 часа, 16,3% меѓу 2 и 3 часа и 15,4% помалку од еден час .

Очекувано, најмладите поминуваат најмногу време на интернет. Бидејќи анкетата опфаќа само полнолетни граѓани, дури 34,8% од анкетираните кои имаат помалку од 30 години на интернет поминуваат повеќе од 4 часа секој ден.

Од оние кои имаат меѓу 30 и 39 години 27,9% поминуваат на интернет над 4 часа секој ден. Како што се зголемува возраста, така се намалува и бројот на граѓани кои се на интернет над 4 часа дневно. Од оние кои имаат меѓу 40 и 50 години 18,7% на интернет се над 4 часа дневно а од граѓаните меѓу 50 и 60 години 11,7% поминуваат над 4 часа на интернет. Меѓу оние кои имаат повеќе од 60 години на интернет над 4 часа дневно поминуваат само 3,5% од анкетираните.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници

Ново на Сител