Македонија
7. April 2019 - 19:06

Детектор анкета: Пендаровски 28,8%, Силјановска 26,8%, Река 7,1%

Само 2% или во рамки на статистичка грешка е разликата помеѓу претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го покажува најновата акнета на ИПИС спореведена за емисијата Детектор. Ако утре се одржат изборите за Пендаровски ќе гласаат 28,8 % од граѓаните, додоека за Силјановска 26,8%. Блерим Река би ги поддржале 7,1 отсто.

Во оваа тесна трка, Силјановска има 2% поголема поддршка од Пендаровски  кај гласачите Македонци, додека кај Албанците води кандидатот на БЕСА и Алијанса.

Поделено по сектори, кандидатот на СДСМ води кај вработените во државната администрација, додека кај сите останати, самовработените, земјоделците, пензионерите и невработените го поддржуваат изборот на ВМРО-ДПМНЕ.

8 од 10 граѓани се против бојкот на изборите за шеф на државата.

Под претпоставка дека во земјава има 1.400 000 гласачи кои редовно излегуваат на изборите, според искуствата од претходни изборни процеси анкетата на ИПИС покажува дека на претстојните избори ќе излезат 69,3% од граѓаните.

Реално, бројот на излезност според очекувањата на Институтот за политички истражувања Скопје ќе се движи помеѓу 900 000 и 980 000 гласачи.

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река според 65,2 % од граѓаните се добра понуда за претседател.

Телефонската анкета е спроведена од 23 до 27 март година на репрезентативен примерок од 1110 испитаници.