Детектор анкета: Мнозинството граѓани се за избори по крајот на летото – ако бидат во јуни или јули над една третина нема да гласаат

Половина од граѓаните не се согласуваат со предлогот на власта за избори во јуни, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, најголемиот дел од граѓаните или 24,2% сметаат дека изборите треба да се одржат во септември. 22,8% се на ставот дека избори треба да имаме после септември.
Најмал е процентот на граѓани кои сметаат дека изборите треба да се одржат во јуни. Ваков став имаат 15,1% од анкетираните. За избори во јули се 17,6% а за изборен датум во август, 15,8% од анкетираните.
Доколку сепак изборите се одржат во јуни или првата половина на јули анкетата на Детектор покажува дека одѕивот ќе биде многу мал.
Во овој период од годината на гласање велат дека ќе излезат само 48,2% од анкетираните додека дури 35,1% велат дека нема да гласаат.
Ова е значително намалување во однос на тоа колкумина од граѓаните биле подготвени да гласаат пред корона кризата.
74,7% од анкетираните изјавиле дека пред да се појави корона кризата планирале да гласаат на парламентарните избори додека само 18,1% планирале да апстинираат.
Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
