Детектор анкета: Граѓаните ги имаат сите неопходни средства за следење на онлајн настава
Над три четвртини од граѓаните кои имаат деца во училишна возраст велат дека ги имаат сите неопходни средства за следење на наставата онлајн како начин да се надополни пропуштеното поради кризата со корона вирусот. Вакви резултати покажува најново истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
82,1% од граѓаните кои имаат деца на училишна возраст велат дека имаат соодветни средства за на овој начин да го следат образовниот процес, додека 10% велат дека немаат.
Во Скопје, 92,1% од граѓаните велат дека се соодветно опремени за следење на онлајн настава. Процентот е висок и во селата. 83,2% од анкетираните кои живеат на село велат дека имаат средства за следење на онлајн настава. Слична е ситуацијата и со граѓаните кои живеат во помалите градови. 81,3% од нив велат дека ги имаат сите средства за следење на онлајн настава. Во големите градови, 74,9% од граѓаните велат дека имаат средства за следење на наставата онлајн.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“