Македонија
6. July 2015 - 9:12

Дете загина во сообраќајка во скопско

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 28 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 3 јули, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда и една е со последица тешка телесна повреда која што се случила во 15 часот на ул. „Мостарска“ во која што со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во сабота, на 4 јули, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, четири со последица телесна повреда и една со последица тешка телесна повреда која што се случила во 22 часот на крстосницата од ул. „Лондонска“ и ул. „Прашка“ во која што со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.

Во недела, на 5 јули, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда.

Се случила и една незгода со последица загинато лице. Сообраќајката се случила во 11 часот и 30 минути на локалниот пат од село Свиларе за село Рашче во која едно лице, дете на возраст од три години го загуби животот. Во незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од жител на село. Рашче и товарно возило „форд транзит“, управувано од жител на село Копаница како последица на незгодата на лице место од повредите лица им подлегнал сопатникот, а додека друг сопатник дете на возраст од пет години и возачот од возилото се здобиле со телесни повреди.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Дваесет и пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 36 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 81 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, која се наоѓа во населбата Припор.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.