Дете со скршеница 5 дена во исчекување да го примат на клиника
За да им се закаже операција на пациентите кои се за итна интервенција, или на оние кои со месеци чекаат хируршки зафат во јавна здравствена установа, тие мора да направат тест за КОВИД-19. Но, не можат да бидат тестирани преку државниот систем на Институтот за јавно здравје без да плаќаат, туку ако сакаат операција мораат да се тестираат во приватните болници или лаборатории и да платат околу 4.000 до 6.000 денари.
Министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето зошто пациенти на кои за операција им се бара ковид тест не можат да се тестираат државно и мора да плаќаат приватно, вели дека за ова прашање се разговарало и наскоро ќе има решение.
Но, и покрај тврдењата на Филипче дека пациентите не треба приватно да плаќаат за ковид тест, родители на 14-годишно момче од внатрешноста кое во петокот ја скршило раката на повеќе места и од локалната болница поради сериозноста на повредата било испратено во Клиничкиот центар во Скопје велат дека уште чекаат да му се изврши хируршка интервенција зашто нема тест за коронавирус.
Според кажувањето на родителот, детето во големи болки било примено во Ургентниот центар, каде му биле направени сите испитувања, само не и тестот за коронавирус. На родителот му било кажано дека како итен случај со сериозна скршеница на коската која на снимките изгледала како исечена со секира, мора веднаш да се оперира.
Најнапред им било кажано дека тестот ќе му биде направен таму, на сметка на Клиниката. Потоа дека не може, па може, па не може, и така поминал викендот. На крајот, хирургот им кажал дека сепак детето не може да се тестира на државен трошок, ќе мора задолжителниот тест да го направи на некоја од приватните клиники, дознава СДК.мк.
Ново на Сител
-
Данска од утре претседава со ЕУ - што може да очекува Македонија?
-
ДУИ ќе бара кривични за пописот - ВРЕДИ обвинува за предавство
-
Конечно пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново во должина 10.2 км, инвестиција од 45 милиони евра
-
Силен раст на индустриското производство во мај
-
„Конти Хидропласт“ донира 100.000 евра за реконструкција на интерното одделение во Гевгелија
-
Почна вториот уписен рок, во некои гимназии можно е повторно приемно тестирање
-
Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото