Дете рането во тетовско се бори за живот

Тринаесетгодишно дете од тетовското село Палатица било рането во левата страна од грбот од истрел од пиштол. Осомничен дека пукал во него е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.
Според досегашните податоци од истрагата, инцидентот се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.
Повреденото дете било префрлено на скопските клиники каде било приклучено на апарати. Осомничениот малолетник по околу еден час од инцидентот заедно со неговиот татко бил обезбеден од полицијата и се разговара со него.
Пронајден бил и пиштолот од кој се претпоставува дека било пукано, а според досегашните информации за пиштолот нема соодвтени документи за легално поседување. Истрагата го утврдува мотивот и се друго поврзано со овој инцидент.
Ново на Сител
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
