Балкан
25. July 2015 - 9:28

Дете пропадна низ стаклен покрив, се бори за живот

Дете на возраст од 15 години пропаднало низ стаклен покрив, по кој скокал и го пробил.

Инцидентот се случил во улицата „Омладински бригади“ 138 во Нов Белград.

Тој се здобил со потрес на мозокот, повреда на главата, губел свест и имал исеченици по целото тело, по што е пренесен на реанимација во Ургентиниот центар во Белград каде лекарите се борат за неговиот живот.